Кредитите од Европската инвестициска банка ќе може да се добиваат со фиксна камата од 6 проценти. E направено мало одложување во делот на измените кај кредитната линија од Македонската банка за поддршка на развојот односно во делот на вториот пакет антикризни мерки и кредитната линија од Европската инвестициска банка од 100 милиони евра. Во последниот пакет предвидовме лимитирање на каматната стапка од втората година да биде максумум 7,5 проценти, а во соработка со Министерството за финансии и МБПР направивме дополнителни анализи и донесовме измени каматата да се лимитира на 6 проценти. Поради тоа преговорите со комерцијалните банки малку ги одложивме и тука ќе има можеби недела две подолг рок, но сметам дека во интерес на компаниите е да се даде производ на пазарот кој е многу поконкурентен од постоечкиот и ќе придонесе за натамошно намалување на каматните стапки.
Кредитите од Европската инвестициска банка ќе може да се добиваат со фиксна камата од 6 проценти, најави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на седница на Владата.
Пешевски објасни дека е направено мало одложување во делот на измените кај кредитната линија од Македонската банка за поддршка на развојот односно во делот на вториот пакет антикризни мерки и кредитната линија од Европската инвестициска банка од 100 милиони евра.
-Во последниот пакет предвидовме лимитирање на каматната стапка од втората година да биде максумум 7,5 проценти, а во соработка со Министерството за финансии и МБПР направивме дополнителни анализи и донесовме измени каматата да се лимитира на 6 проценти. Поради тоа преговорите со комерцијалните банки малку ги одложивме и тука ќе има можеби недела две подолг рок, но сметам дека во интерес на компаниите е да се даде производ на пазарот кој е многу поконкурентен од постоечкиот и ќе придонесе за натамошно намалување на каматните стапки.